Сократ (4 јуни, 470 п.н.е. – 399 п.н.е) сè уште е еден од најголемите филозофи кои некогаш постоеле иако неговата мисла потекнува од античко време. Тој бил класичен грчки филозоф познат како еден од основачите на западната филозофија. Тој бил добро познат писател кој го менторирал Платон. Сократ станал познат по неговиот придонес во областа на логиката и етиката, а бил фасциниран од човечкиот ум и неговата моќ над физичкото тело.
Тој верувал дека филозофијата треба да се постигне со практични резултати за поголема благосостојба на општеството. Исто така, тој верувал дека човечкиот избор е мотивиран од желбата за среќа, а ова може да се постигне само со вистинско спознавање на самите себеси – со тоа е поголема можноста да направиме избори кои ќе ни ја донесат вечната среќа што ја сакаме.
Во тоа време неговите зборови претставувале важни животни лекции за оние кои го слушале, но некои од нив и денес можат да се употребат како важни лекции во нашиот живот. Истите можат да ни помогнат да ја одредиме насоката на нашето „движење“.
Уживајте во читањето на неговите најпознати мисли:
1. Јас не сум ни Атињанин ни Грк, туку сум граѓанин на светот“.
2. „Вложувај време во читање на она што другите го напишале за лесно да го стекнеш она за што на другите им бил потребен голем труд“.
3. „Го претпочитам знаењето пред богатството, бидејќи второто е минлово, а првото е вечно“.
4. „Чудењето е почеток на мудроста“.
5. „За да се најдеш себеси, мисли сам“.
6. „Образованието е искра на оган, а не полнење за сад“.
7. „Спознај се себеси“.
8. „Тој кој сака да го придвижи светот, прво нека се придвижи себеси“.
9. „Тајната на среќата, знаеш, не се наоѓа во тоа да бараш повеќе, туку во развивањето на способноста да уживаш во помалку“.
10. „Тајната на промената е во сосредоточувањето, а сета твоја енергија не во борбата со старото, туку во изградбата на ново“.
11. „Ожени се по секоја цена. Ако најдеш добра жена, ќе станеш среќен човек, а ако најдеш лоша, ќе си станеш филозоф“.
12. „Начинот на кој може да добиете добра репутација е да се стремите да бидете онакви какви што сакате да изгледате“.
13. „Неосознаениот живот не вреди да се живее“.
14. „Лесно може да му се прости на дете кое се плаши од темнина; вистинска трагедија во животот е кога луѓето се плашат од светлината“.
15. „Има само едно добро – знаењето, и само едно зло – незнаењето“.
16. „Јас не можам да научам никого на било што. Можам само да направам да почнат да мислат“.
17. „Биди љубезен, бидејќи секој кој го среќаваш минува низ тешка битка“.
18. „Силните умови зборуваат за идеи, просечните умови за настани, а слабите умови за другите луѓе“.
19. „Не е важно само живеењето, туку и правилното живеење“.
20. „Лажните зборови не се само лоши за самите себеси, туку и тие ја заразуваат душата со зло“.
21. „Тој кој не е задоволен со тоа што го има, не би бил задоволен ни со тоа што би сакал да го има“.
22. „Ако не го добиеш тоа што го посакуваш, страдаш. Ако го добиеш тоа што не го сакаш, страдаш. Дури и ако го добиеш точно тоа што го посакуваш, пак ќе страдаш бидејќи нема да може вечно да биде твое. Страдањето е во твојот ум. Тој сака да биде ослободен од промените, ослободен од болката, од обврските на животот и смртта. Но промената е закон и колку и да се преправате ништо нема да ја измени таа реалност“.
23. „Понекогаш градите ѕидови не за да ги држите луѓето надвор од вашиот свет, туку за да видите кој е тој на кој му значите доволно за да ги разбие и влезе внатре“.
24. „Доаѓаме до вистинската мудрост кога ќе сфатиме колку малку ги разбираме животот, самите себе и светот околу нас“.
25. „Задоволството е најголемото богатство, а луксузот е вештачка сиромаштија“.
26. „Безвредните луѓе живеат за да пијат и јадат, а вредните пијат и јадат само за да живеат“.
27. „Ја не правам ништо друго освен што ви зборувам вам, стари и млади, да не гледате на себеси како на ваш имот, туку да се грижите за развој на вашата душа. Ви велам дека доблеста не произлегува од парите, туку парите и секое друго богатство ја следат доблеста кај луѓето, и во јавниот и во приватниот живот. Ова е моето учење и ако ова е учењето што ја корумпира младината, тогаш јас сум злобна личност“.
28. „Најважната работа не е само да се живее, туку да се живее добро. А да се живее добро значи, покрај убавите работи во животот, да живееш во согласност со своите принципи“.
29. „Чувај се од јаловоста на зафатениот живот“.
30. „Спријателувај се полека, но кога ќе станеш пријател со некого биди постојан и цврст во тоа“.
31. „Оној што е повреден не треба да враќа за тоа затоа што ништо нема да ја исправи неправдата, а и не е правилно да враќаме и да правиме зло на некого без разлика колку сме страдале поради тој човек“.
32. „Човечката душа е бесмртна, а душата на праведниот е бесмртна и божествена“.
33. „Прашувањето е почетокот на мудроста“.
34. „Да се биде значи да се дејствува“.
35. „Сѐ е во умот – тоа што го мислиш, во тоа се претвораш“.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.