Некои го поминале тестот на премрежјето
Но не го сочувале мирот
И се распрскуваат со антитела,
Со протеини
За да донесат нова надеж.
И не сме сега сите исти!
Некои го одминале чадот
И сабјата на самракот
Не успеале да ја поминат Стикс
И сега сите сакаме да се напиеме
Од таа жолта течност
Која е изворот на животот
И разговорот останува да биде
Наша Ахилова пета
Но стапнуваме со неа секојдневно
А маските сме ги носеле отсекогаш,
Но сега се видливи
А јас, јас го молам Бога
Да исчезне невидливата корона.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.