Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Мојот чекор

Чекорам со чекор тупотен
сакајќи траги во времето да оставам
заоѓајќи во неговите прегратки.
Чекорам бавно
пиејќи од виното на живот
скротувајќи ја тагата
што тлее длабоко во мене.
Понекогаш со мислите
бегам во некоја друга димензија
посакувајќи
да можам да го променам светот
од старите падови пак да се воздигнам
да се ослободам од темнината
да го пречекорам мракот
на сопствената тврдина
во која сум затворена.
Како феникс повторно
од пепел да воскреснам
создавајќи нови воздигнувања
да ја променам судбината
и срцето повторно песна да ми запее
како тивка мелодија
од дождовни капки
насмев наместо солзи
радост наместо тага
и нов почеток чекор по чекор.
Со вера и надеж
го барам смисолот на опстојувањето
исткаен од боите на божилакот
огреан од пламенот на бескрајот
чекорам со тупотен чекор
чекорам…

Автор: Мира Илијоска

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје