Ја споделуваме песната „Пушкин“ од македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров кој бил вљубеник и чест рецитатор на неговата поезија.
Пушкин
Русија – Мрак.
Русија – Гнет.
Кинатица негибната в шир.
Вертеп.-
Жесток стивнат мир.
На север – тундри , ветришта,
На југ – бескрајни диви степи.
А времето не брза, се влечка,
Небаре бездомно
Куче
Старо.
Ти беше туѓ и непознат.
Тогаш, за твоите песни
Не знаеше припростиот народ.
Но, ете денес –
Задружниот труд
И задружниот човечки врвеж, се спогодија
И со таа општа светлина
Еден среќен живот родија.
Сега е друго. Ена на:
Еден работник,
Млад стругар,
За време на пладневниот одмор
Читаше во книгата поднасмевнат
И те осети како другар,
Те разбра бидејќи може
Да гледа ѕвездените убавици
На небоно јасно како гаснат
Како изутрина сонцето блешти
Преку подросената со искри
Пространа степа.
Тој има леб
И уште гордоста,
Дека таму – во фабричкиот трескот
Неговата мозелеста рака
Една епоха твори.
И нетревожен тој сфаќа
Кој во него песна створил.
Го сфаќа гневот на мазепа мрачен,
На ленски – пролетниот слад
Што одминал, пред цвеќињата
На песните да расцутат.
Ја разбира тој жестоката смрт своја
И таа суета гнила,
Што некаде длабоко ројак
Од пипки отровни испружила,
И го шмукала со страшна злоба,
Животот на еден поет,
Но, не успевајќи во својот пробив –
Си тргнал животот пак нанапред,
Ги урнал животот тие тесни
Ѕидови, а народот пак чуден бил
И во своите волшебни песни
И во својот живот се заљубил.
Девојка една од колхозот
Си сака морнар млад.
И така неволно и лесно
Ги пее таа своите песни.
И потоа подзапира.-
Златна шир Наоколу. И класови.
А устите ко алев мак
Расцутени и стануваат:
„Ах, колку радосно е да се живее
Сакан мој морнару млад.“
Тоа е таму.
Но, ете, денес –
Зошто ли? – не знам
Но, јас се учам
Секој свој протест да го пишувам
И многу искрено
И многу звучно.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.