Орхан Памук (роден на 7 јуни 1952 година во Истанбул, Турција) е турски писател, добитник на Нобелова награда за литература во 2006 година. Се школувал на Роберт колеџ, во тоа време средно училиште, а потоа студирал архитектура на Техничкиот универзитет во Истанбул.
Во тој период започнал да се занимава со писателска дејност. Дипломирал на студиите по новинарство на Истанбулскиот универзитет во 1977 година, а од 1985 до 1988 година учел на Универзитетот Колумбија во Њујорк, САД.
Памук започнал активно да пишува во 1974 година. Веќе за првиот роман, „Џевдет-бег и неговите синови “ успева да ја добие престижната награда Milliyet Press.
Неговиот историски роман „Белата тврдина“ исто така добива многу награди, од кои најважната e Independent Award for Foreign Fiction што ја добива во 1990 година. Во тоа време, тој започнува да оддалечува од структурниот натурализам кој е карактеристичен за сите негови рано напишани дела.
Памук важи за еден од најпопуларните турски писатели во светот
Тој е е еден од најпопуларните турски писатели во светот кој има продадено над седум милиони копии од неговите книги, преведени на педесет јазици, што го прави најпродаваниот писател во неговата земја.
Според Times Literary Supplement, Памук е најистакнатиот турски романописец и еден од најинтересните писатели, воопшто, додека „Њујорк Тајмс“ (New York Times) го нарекол „нова ѕвезда на истокот“.
Памук е добитник на повеќе турски и меѓународни награди, меѓу кои најзначајна е Нобеловата награда што ја добил во 2006 година. На 25 декември 2013 година, во новата зграда на МНТ, на Орхан Памук му била врачена меѓународната книжевна награда на скопската издавачка куќа „Табернакул“.
Орхан Памук ги објавил следниве дела:
Џевдет-бег и неговите синови (1982)
Куќа на тишината (1983)
Белата тврдина (1985)
Црната книга (1990)
Нов живот (1994)
Моето име е Црвен (2000)
Снег (2002)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.