Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Еден миг – Јована Анастасијевска

Животот е една Одисеја, испреплетен со чудесни мигови

Мигови на страв

Мигови на огромна тага

Мигови исполнети со среќа и возбуда

Миг кога се прашуваш кога ли ќе помине?

Но, на крај учиш дека се поминува и сѐ е минливо дури и болката

и времето поминува толку брзо што дури не си ни почуствувал

Понекогаш само еден миг го менува целиот твој живот

Ни мислите ни чувствата

ниту еден дел од тебе

веќе ништо не е исто

Тој миг ти нанесува големи болки , разочарувања но и лекции

кои ги учиш

Понекогаш само тој миг те учи како да се вратиш уште посилен,

учиш кој е вистинскиот и вреден за тебе

учиш да бидеш трпелив и да сфатиш дека ништо не е случајно и

сѐ случува со причина

и понекогаш тој миг те учи

да не се откажеш, да продолжиш да се бориш и да се вратиш како

победник.

а само еден миг те учи да го цениш секој од нив!

Автор: Јована Анастасијевска

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје