Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Живеам – Снежана Паноска

Распукал денот

како зрела калинка.

Се изрониле годините како

искафтена царевка .

Во ниската трева

се крие еден млад полжав,

и мирно ја пие утринската роса.

Нежното главче на младото ластовиче,

тукушто испилено,

нестрпливо го чека првиот залак.

И потоа,

Низ пуфкавите облачиња,

тука од зад ридот,

се раѓа новото сонце,

во уште еден нов ден.

Живеам.

Се радувам.

Автор: Снежана Паноска

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје