Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Тешки мисли – Никола Миланоски

Тешки мисли
ја опседнале мојата глава
тешки којзнае колку тона
немерливи
како во лавиринти заглавен
излез не можам да си најдам,
не постои ниту патот
толку лесно што го одев
понекогаш
подскокнувајќи и со песна
и мисла секогаш лесна
ми го распослаја со трње
злобниците
желни
за мојата крв
и солзи по лицево
што сакаат да видат
па тогаш среќни да бидат
тие поданиците на Луцифер
злото што го сеат
за среќа да им носи
чума да ги покоси,
тешки мисли
несоница што ми прават
а денот како без сонце да ми е
талкам така по градот
насмеаните лица од другите
барем малку надеж
да ми вратат,
ќе помине
мора да се биде посилен од нив
душата не ми дава
на злото со зло да вратам
иако добрината прави
често во животот да патам
таа е мојот пат
само една верба во Господ
ќе ми ги тргне овие
тешки мисли што ме мачат
ги знае тој
ги гледа
сите злобници по земјава
што газат
без ни малку од твојата казна
да се плашат
ќе дојде ден
ќе изгрее сонце
само таа надежта
само таа ми останува.

Автор: Никола Миланоски

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје