Додека во земјава годинава се отвори првата најголема книжарница (најголема по површина), во светот одамна дури од 2008-ма година постојат и се употребуваат автоматски машини за купување книги. Тие функционираат на истиот принцип како што фунцкионираат кафематите и останатите машини преку кои може да се купува храна, пијалоци, грицки и слично. Некои од машините функциониаат и со опција за плаќање со картичка, наместо со пари.
Постоењето на ваквите машини е одлична идеја книгите да бидат подостапни до луѓето, но се поставува прашањето дали тие би биле заменети на посетата на книжарници со оглед на тоа што на двете места се купуваат книги. Како што е случајов со светската пандемија ова би било одлична можност да се купи книга, а да не се биде во контак со многу луѓе што не би било случај со одење во книжара.
Секако дека ништо не може да ги замени библиотеките, но и книжарниците, но ова е супер можност книгите да бидат поблиску до сите луѓе кои можат да си ги дозволат истите. За тие што не можат, секогаш постои опција позајмување, или барање онлајн е-книги кои се бесплатни за преземање и читање.
Можеби сега ќе им дадеме идеја на некои од нашите издавачки куќи, доколку објавава стигне до некој од нив. Кога би можело да се размисли за воведување ова и кај нас би било одлично. Јапонија, Канада, Англија, Џорџија, Сингапур и други земји ширум светот веќе ги употребуваат овие автоматски машини за купување книги и во училиштата, но и надвор од нив.
Во продолжение погледнете ја галергијата во која се претставени неколку такви автоматски машини.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.