Ден Браун (роден 22 јуни 1964) е американски писател на трилери, најпознат по бестселерот од 2003, Кодот на да Винчи. Романите на Браун, кои се потраги по богатство сместени во период од 24 часа, обработуваат споредбени теми како криптографија, клучови, симболи, кодови и теории на заговор. Неговите книги се преведени на повеќе од 40 јазици и заклучно со 2009 продадени во повеќе од 80 милиони копии.
Романите на Браун во кои како главен лик се појавува Роберт Ленгдон вклучуваат историски и христијански теми како споредбени мотиви, кои имаат резултирано во причинување контроверзности. Браун на неговата веб-страна наведува дека неговите книги не се анти-христијански, иако тој самиот е на „постојано духовно патување“, и вели за неговата книга Кодот на да Винчи дека е едноставно „забавна приказна која причинува духовна дискусија и дебата“ и додава дека книгата може да послужи како „позитивен катализатор за самокритика и иследување на нашата верба“.
Од 1996-та, Браун е посветен единствено на пишувањето книги. Неговите први три романи имаат мал успех, со помалку од 10 000 копии од секоја, но четвртиот роман, Кодот на Да Винчи, станува бестселер, искачувајќи се на првото место на листата бестселери на Њујорк тајмс уште првата недела по објавувањето во 2003-та. Се смета за една од најпознатите книги на сите времиња, со речиси 60,5 милиони копии до 2006-та година продадени низ целиот свет. Успехот на оваа книга ја зголеми продажбата и на неговите први три романи. Во 2004-та год., сите негови четири романи во иста недела се најдоа на листата бестселери на Њујорк тајмс. Во 2005-та год., магазинот Тајмс го постави Браун во листата 100 највлијателни личности на годината. Магазинот Форбс го постави Браун на 12-то место на нивната список на најпознати личности во 2005-та година, со пресметан годишен профит од 76,5 милиони долари. Тајмс го објави профитот на Кодот на да Винчи – 250 милиони долари.
Делата на Ден Браун:
- Дигитална тврдина (1998)
- Ангели и демони (2000)
- Точка на измама (2001)
- Кодот на Да Винчи (2003)
- Изгубениот симбол (2009)
- Пеколот (2013)
- Потекло (2017)
Во мај 2009 год. Ден Браун излезе на црвениот килим заедно со Том Хенкс и Рон Хаувард на светската премиера на „Ангели и демони“. Дотогаш веќе имал продадено десетици милиони книги и виде како филмската верзија на неговиот прв голем успех, трилерот од 2003 година – „Кодот на Да Винчи“ станува број еден хит.
Во една прилика тој изјавил: „Моите први три книги всушност беа комерцијални неуспеси. Претпоставувам дека така би се нарекле. Не продавав многу копии, сè додека не излезе „Кодот на Да Винчи“. Претходните три новели кои не беа распродадени, се продадоа и стигнаа до првите места на листите со бестселери. Не сменив ни збор.
Ден Браун пред да стане писател издал детска касета насловена „СинтЖивотни“ која се продала во неколку стотини примероци. После тоа сам објавил ЦД со музика за возрасни со наслов „Перспектива“, и се преселил во Холивуд за да започне музичка кариера како пејач и пијанист.
Во 1994 објавил второ ЦД под наслов „Ангели и демони“, со истата корица како подоцна и книгата под ист наслов, на кое има и религиозни балади, на пример една под наслов „Сè во што верувам“.
Слушнете ја неговата песна од првото ЦД, под наслов „976 LOVE”, која беше критикувана и опишана како „восхитувачки грозна“.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.