Ќе пробаат да те сменат – Анге

Ќе пробаат да те сменат,
ќе ти направат да се запрашаш за своето битие,
да се замислиш дали си доволна.
Ќе сакаат да се промениш,
да ги исполниш критериумите
оние истите што важат за сите.
Воопшто нема да им се допадне
што си поинаква.
Ќе те обвинат дека си детинеста,
сонувач, некој што не живее во реалноста.
Нема да сакаат да ги чујат твоите соништа,
бидејќи им ги будат мечтите кои одамна ги закопале
за да се вклопат, да станат едно со толпата, да бидат исти.
Не можеш да мечтаеш ако целта ти е да си ист како сите.
Нека пробаат, но ти не менувај се !
Напротив покажи им колку е убаво да си ваков,
различен, наивен, со верба во  невозможното.
Нека се сменат тие, ти си онаму каде што треба да си.

Автор: Ангела Михајловска – Анге

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели