Туѓи очи

Беше несоница рамноносница

Која ми влеваше надеж за отворен лет

Кон новиот живот

Но ме остави да тонам во едно поубаво минато,

Кое како немирна река

Го свртило својот тек во обратна насока

И ме влече кон некои заборавени соништа

Од каде нема излез

Само го барам во туѓи очи

И ме впива темнината

И ме мачи немирот

Дека некогаш ќе ме љубиш

Како што тоа го нарекуваше порано

Љубов,

Пред да почне новиот живот

Тоа знам не може да биде

Зошто животот  е сега и овде

А не е она што беше

Ниту она што ќе биде,

И знам дека не беше љубов

И нема никогаш да биде

Ќе биде само осуден мрак

И вечен студ

И излезот е знам

Во туѓите очи.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?