Душа, тело, ум Мотивација Општо Психолошко катче

Кога животот задава удари

 

Кога животот со ѓон задава удари, облечи ги неговите чевли и продолжи да одиш.

Кога животот ќе те потури со канта полна вода, истреси се, избриши се и следен пат стави ја кабаницата на себе.

Кога животот ќе те погоди со цигал, земи ја в раце и употреби ја како градежен материјал.

Кога животот ќе ти даде искинат капут – закрпи го и потоа облечи го.

Кога животот ќе ти зададе повеќе удари – исправи се, издигни се како феникс над сите нив
бидејќи моќта да реагираш на нив и истите да ги решаваш лежи во тебе!

Кога животот ќе ти затвори врата, ти отвори прозор.

Кога животот ќе ти го затвори прозорот, ти отвори го ладилиникот во душата.

Кога животот во ринг ќе те сруши на под, стегни ги забите, дигни ја главата, исправи се и продолжи понатаму.

Кога животот ќе те растури као сложувалка на мали парчиња, земи во рацете дел по дел, додека повторно не ја составиш својата слика од животот.

Кога животот ќе те оттурне од себе, ти прегрни го кон себе.

Кога животот испраќа дождови и сака да те поплави – земи кофа и од водата направи онолку базени колку што можеш да наполниш.

Кога животот фрла со камења, од нив изгради ѕидови со цврсти столбови.

Кога животот те кине на парчиња – собери ги истите и пробај да ги составиш пак.

Кога животот е неправеден кон тебе – ти биди праведен со сите, продолжи да веруваш и да се бориш за правдата.

Кога животот нема да те гали и милува – биди нежен со себе најмногу, грубоста е зло.

Кога животот ти испраќа сигнали – не ги затворај очите, не ги покривај ушите и зборувај внимателно.

Кога животот не е бајка – пробај да ја напишеш онаа што би сакал да ја прочиташ.

Кога животот наликува на трагедија – покажи му дека има минимум една причина поради која истиот е убав.

Кога животот боли – сети се дека те учи на животни мудрости!

Кога животот задава удари – те прави посилен од претходно, помудар и поискусен!

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје