Skip to content

Неискажливо – Ефтим Клетников

Кој каде се загуби,
кој каде потона?
Клучот во морето,
или морето во клучот?
Сеедно.
Сега веќе ни собата не е море,
ни љубовниците клуч,
ни постелата остров,
и липа хоризонтот
на колена клекнат
пред голото стрниште на душата
неискажливо што страда.

Ефтим Клетников
(Извадок од збирката „Неискажливо“)

Напишете коментар