
Беше еднаш еден брег каде ги чувавме спомените
И мислевме дека летото е бескрај
Во кој можеме да се капеме вечно
Учејќи како да испливуваме од дното
На страшните нови искуства
И само една сенка
Беше доволна да ги сокрие сите наши стравови
А ти беше секогаш тука
Со глас посилен од секавиците
И го пресекуваше секој мој страв
И немаше потреба од невидливи сенки
Кои сега ме надлетуваат
Брегот остана да биде само спомен каде остануваат
Нашите громогласни смеи
И надгласувања
Стравот е во мене
И се молам
Само за миг да го чујам твојот глас
Но те нема….
Остана да бидеш громогласен глас
Кој ечи во далечините
На далечниот свемир.