Се прашувам…
Што ли правиш сега?
Тагуваш, се радуваш!?
И за што всушност размислуваш!
По многу години поминати,
по многу спомени изникнати
останаа слики искинати…
Животот е тежок, има патишта разни,
спомени оставени со векови празни…
Кога за прв пат те сретнав,
нешто чувствував, а знаев,
во љубовта верував и не се каев…
Тешко ми беше да кажам „те сакам“
но зошто баш тебе?
Ете не можам да сфатам
и повторно да сакам, не можам да те вратам…
Сѐ што е убаво некогаш ќе престане,
aма љубовта кон тебе вечно ќе остане.
Тебе вечно ќе те памтам,
а на сеќавањата што ми ги остави
повторно ќе им се вратам…
Јас прекасно сфатив,
дека по тебе патев,
но кога ќе те видам,
сакам повторно радосна да бидам…