Навистина моќно звучи и доста примамливо, мора да се признае. Значи да го очекуваме неочекуваното?
– Апсолутно! Верувам дека читателите ќе ја препознаат автентитечноста што ја поседува приказната. Дека ќе ги задоволи нивните критериуми, ако не повеќе, барем колку претходните мои книги.
Со оглед на тоа дека истите детективи, Гораст и Димитар, кои се појавуваат во ,,Невеста од соништата”, се сретнуваат и овде, дали овие две книги може да се читаат засебно?
– Да, секако дека книгите може да се читаат посебно бидејќи се разработуваат сосема два различни случаи. Но, сепак мое видување е дека прво треба да се прочита претходната книга за да впечатокот биде уште подобар.
Дали сметаш дека дел од читателите нема да посегнат по книгата бидејќи мислат дека е страшна?
– Па, не го исклучувам тоа, но пред тоа сакам да разјаснам дека книгата не е хорор ниту пак до толку страшна како што изгледа. Приказната има неколку морничави сцени кои се неизбежни како зачини и додатоци за да биде повозбудливо, а и што подобро да се долови дејството.
Нашата редакција ти посакува голем успех и со оваа книга. Не се сомневаме и дека ќе го постигнеш кога уште од почеток побарувачката и интересот е огромен. За крај, кажи ни само дали веќе во план имаш нешто ново или заслужено ќе одмориш?
– Ви благодарам за мини интервјуто и за убавите желби. Несомнено е дека веќе имам првични идеи за следна книга, но сепак ќе почекаат и како што рековте, малку заслужено ќе одморам. Освен тоа, да им оставиме малку време на читателите да ја прочитаат книгата. Ви пожелувам Вам и на сите читатели пред сè здравје и лето преполно со добри книги и незаборавни авантури. 🙂
Александар Николовски ги напиша и следниве три книги: „Џокер во покер“, „Страв од вистината“ и „Невеста од соништата“.
Му благодариме на одвоеното време и од името на целиот тим му посакуваме да продолжи да ниже успешни приказни. Како и многу задоволни читатели. А после заслужениот одмор да ја достигне кулминацијата во своето творештво!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.