Човек до бескрајот – Ирена Белешковска

Ги запетлав врвките на патиките

и се зареков оти ќе трчам до бескрајот.

И така со денови

ја билдам волјата да ме следи во од,

да докажам оти човек сум.

Не помина време многу

јас сè уште ја имам на ум

линијата на хоризонтот

што го двои миговното од ѕвездите и

таму не сум јас.

Во трката низ животот

се оддалечувам од себеси.

Ирена Белешковска (Крива Паланка)

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!