„Почитувај се себеси и замини од она што те повредува“ е насловот на статијата што ја пренесуваме за денешниот ден. Писателката Стефани Ридс, повторно нè потсетува што е важно во нашиот живот, во меѓувреме ставајќи акцент на односите меѓу луѓето кои многу често знаат да бидат токсични. Има мигови во животот кога сме среќни и знаеме дека сме на вистинскиот пат. Тогаш внатрешниот глас се смирува, спокоен е. Тогаш кончено сме го пронашле она кое сме го посакувале долго време.
Но исто така, има и мигови кога тој глас интензивно се обидува нешто да ти каже, до тој степен што дури станува иритантен. Тогаш почнуваш да се сомневаш дали си го направил вистинскиот избор. Тогаш во прашање се доведуваат сите избори. Почнуваш да ги анализираш твоите одлуки и сфаќаш дека е точно она што цело време ти го говорел тој внатрешен глас. Дека си избрал погрешно. Дека си ја подарил љубовта, си се заљубил во некој кој не ти ја возвраќа на ист начин. Со тоа почнуваш да ја плаќаш цената која е многу висока, со мирот на својата душа.
Плаќаш со тоа што остануваш во таа безнадежна љубов надевајќи се дека можеш нешто да поправиш на подобро. Ја плаќаш цената со тоа што постојано се извинуваш за работи кои не се твоја вина. Ја плаќаш цената затоа што молчиш. Во тој случај, треба да направиш чекор напред. Замини. Веднаш направи го тој избор и замини си. Остави го сето тоа позади себе. Остави нека си заминат сите оние кои прават да се чувствуваш лошо во сопствена кожа. Не го држи во душата сето она што те повредува. Осмели се и замини од оние кои не те заслужуваат.
Знам дека треба да се договориш со себеси и со емоциите, знам дека сето тоа бара голема храброст и верба во себе, но тоа не е ништо во споредба со болката која ќе ја чувствуваш ако останеш во такви односи, со такви луѓе. Не е во ред. Не е во ред да прифатиш таква љубов и да глумиш дека си среќна личност, додека во себе се распаѓаш. Прашај се себеси дали навистина сакаш и понатаму во животот да одиш рамо до рамо со некој кој воопшто не те вреднува тебе како личност, што не е среќен што си до него? Навистина ли сакаш да останеш во такви токсични односи? Зарем не сакаш да ја пронајдеш среќата и да уживаш во неа? Не? Тогаш направи промена.
Почитувај се себеси доволно, за да си заминеш од она што те уништува. Ти заслужуваш да бидеш среќна личност. Ти заслужуваш да ги оствариш своите соништа, да се радуваш, да сакаш, да те сакаат, да бидеш слободна личност. Може да го имаш сето она што ќе го посакаш. Единствената личност што стои на твојот пат, си ти!
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.