Не знаевте дека моќта на љубовта
Која проникнува низ перата на
Славните поети
Останува да тлее во срцата на
Сите несреќни љубови
Затворени во канџите на забраната
Од секој недозволен бакнеж,
Но, вие го урнавте и ѕидовите
И избегавте во просторот на слободата
За погрешно да го употребите мечот.
Прободувањето беше обичај ваш
Разлеавте крв низ белите плодови
За да станат црна црница
Од вашата црна крв
Пролеана од желбата за слобода,
И вкусувајќи ја црнината на црницата
Си спомнуваме на вас,
Деца на немирот,
Кои одбравте смрт,
Не можејќи да живеете без љубов,
И се преточивте во вечните љубовници
Од Верона,
И најдовте мир
Во вечниот спокој.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.