Некогаш и најсилните личности се чувствуваат исцрпено, потребна им е воздишка. Мери Рајт е писателка со повеќе од 10 години искуство. Таа нè потсетува дека и најсилните личности имаат потреба од малку одмор ставајќи акцент на помошта која може да се добие од другите луѓе.
Дури и најсилната личност може да се почувствува исцрпено. Дури и најсилните личности може да се изморат од тоа да водат независен живот, каде постојано се грижат за тие околу нив. Тие се уморни од тоа што сите сметаат на нив, додека тие немаат никој на кој може да сметаат. Тие дури и не можат да кажат дека не можат да направат нешто затоа што се чини дека целиот свет очекува тие да го сторат тоа. Други очекуваат секогаш да бидат во ред и не мислат дека можат сами да имаат проблеми со кои им треба помош.
На силните љуѓе им треба помош исто така
Дури и на најсилната личност ѝ треба љубов и грижа. Никој не сака да се чувствува осамено. Никој не сака да биде одбиен. Понекогаш дури и најсилните личности не сакаат да бидат херои, барем за миг. Понекогаш им се потребни луѓе за да ги спасат и за да бидат до нив. Понекогаш и најсилната личност се крши. Дури и најсилната личност има потреба од пауза. Им треба одмор за да ги наполнат батериите. Тие сепак се луѓе. Сите ние сме луѓе и сите имаме потреба од пауза. Сите ние имаме потреба од помош.
После сè, дури и најсилната личност се уморува од тоа да биде силна, бидејќи тие се немаат родено со таа сила. Тие научиле како е самостојно да се биде силен, соочувајќи се со многу предизвици и потешкотии кога никој не бил до нив за да им подаде рака. Тие знаат дека не секогаш може да се смета на помошта од другите луѓе и дека мора да бидат силни сами. Но, сепак. И најсилната личност има потреба од одмор, потреба од малку време…
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.