Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Дозволи ми – Јосиф Гериќ

Дозволи ми одново да те запознаам,
одново и одново тебе да те дознаам.
До изгрејсонце ќе те слушам,
и во сопствените солзи ќе се гушам.
Раскажувај ми за ѕвездите и месечината,
Разбиј ми ја тишината, да не мислам веќе на далечината.
Зборувај ми за неспиените ноќи,
и кажи за сѐ она што те кочи.
Зборувај ми со ноќи и денови,
кажи ми за тие дрвја јасенови,
оние кои на пролет цветаат,
и додека си ми в прегратка остави ги тажните спомени во неповрат нека одлетаат.
Кнедлата ќе ја проголтам,
и тебе повторно ќе ти се вратам.

Автор: Јосиф Гериќ

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје