Занимливости и информации На денешен ден Поезија Светска поезија

Пол Валери – еден од најголемите мислители на 20 век ја пишува песната Мислител

Пол Валери (30 октомври 1871 година – 20 јули 1945 година) бил француски поет и есеист, еден од најпознатите лиричари. Исто така е познат филозоф кој 12 години по ред бил номиран за Нобелова награда за литература.

Роден е во Сет, приморски медитерански град во департманот Еро во Франција, но израснал во Монпелје, поголем град во негова близина. Татко му бил Корзиканец, додека мајка му имала италијанско потекло.  После традиционалното римокатоличко образование, студирал право на универзитет, но најголемиот дел од животот живеел во Париз, каде што некое време бил дел од кругот на Стефан Маларме.

Иако неговите најрани публикации датираат од неговите  дваесетти години, Пол Валери почнал целосно  да се посветува на поетската дејност во 1920 година, кога бил во поодмината возраст.

Во 1913 година, по наговор на Андре Жид ги објавува своите песни од младоста и почнува да ја пишува поемата „Трите Парки“, која ја пишува цели 4 години. Со оваа поема станува славен и иако делува чудна и херметичка, поемата обилува со музикалност и е врвно поетско дело сочинето од 512 александринци.

Песните „Морнарски гробишта“ и „Скицата на една змија“ се едни од најзначајните песни од француската книжевност од 20 век.

Во 1925 година станал член на Француската Академија и јавен говорник и значајна интелектуална фигура во француското општество.

Ја споделуваме неговата песна „Мислител“:

Мислител

ДА СЕ ЗБОРУВА самиот со себеси…

Тоа не е секогаш забавно: да се направи забавен, интересен, поучен,

непредвиден разговорот

со самиот себе,

значи да се постане – мислител…

Улогата на внатрешниот глас.

Филозофските системи се тешко усогласиви со природноста на овој разговор и всушност се обични ракописи.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје