Skip to content

Прилог кон недостижна – Гане Тодоровски

Те обединувам јас, Жено,

Во луди мисли мирно сложена –

Ти, грутко сончева врз небо нажежено,

Ти, дивородице, на прека реч подложена!

Те гонам, неоти сум пес

Преднасочен да лае, вие, каса,

Приспособен да вјаса и да втаса.

Да урива со урнебес!

И да те моделира лудо Тебе,

Подисплашен да на би да си морски гребен

Што зло на морепловците им коби?

И – ми те прогласува за ждребе

Јавнато, недојавано, за злодобро што требе!

Што се растрчало армаган да добие!

П.С.

Цел куп од зборови ми стојат

На располагање. Ги редам

По ливчиња, ги калапам, ги предам

Со вретено (во главата засукано), ги множам…

До што е збор е должен да се

Прилагоди кон зборот водечки, да стане јасен.

Во зборовртешки успевам да те сложам

За до несвестица да ми се развиориш,

Па, како зборосветлина да гориш, гориш…

Прочитајте ги и песните:

Звукот на душата – Гане Тодоровски

Пролетна мечта – Гане Тодоровски

Сонет – Гане Тодоровски

Љубов – Гане Тодоровски

Напишете коментар