Во светот на книгите Литература Препораки за читање

Три неверојатни трилери чија напнатост расте од страница во страница

Доколку сте љубители на трилери убедени сме дека ќе ви се допадне оваа кратка листа од три предлози за читање.

1. Јас навистина не треба да ги прислушувам разговорите на другите луѓе. Но, невозможно е да не ги слушнеш разговорите на другите кога се возиш со јавен транспорт, зарем не? – размислуваше Ела.

Две млади девојки, Ана и Сара, заминуваат во Лондон да ја прослават матурската забава. Но, сплетот на околности ќе ги одведе на сосем поинакво патување. Една од девојките исчезнува…

Каде е Ана? Дали е жива или не?

Неочекувано се појавува клучен сведок што ја води истрагата во друга насока. Клопчето се замрсува кога на површина испливуваат тајните на нивните родители.
Но, тоа само ја отежнува потрагата по Ана. Некој знае каде е Ана, но не кажува.

Дали истата личност ја следи и Ела?

Трилер кој ве држи во неизвесност до самиот крај!

2. Додека брза да се врати дома за празниците Дарби Торн поради снежната бура е принудена да скршне од патот и да запре на еднао одморалиште среде планините во Колорадо. Додека ја поминува ноќта со четворица сосема непознати луѓе, случајно здогледува едно девочје заклучено во еден од паркираните автомобили.

Одеднаш свесна дека се наоѓа во голема опасност, Дарби се прашува: Кое е тоа девојче? Зошто е киднапирано? Како да му помогне на беспомошното девојче кога нема сигнал на мобилниот телефон и кога не може да го продолжи патото поради снегот? Кој од преостанатите патници го киднапирал ова дете? И, што е најважно, кому, воопшто, може да му верува? Напнатоста расте со секоја нова страница во највозбудливиот трилер ,,Без излез”.

3. Мајкл Ормвуд е детектив кому бракот му виси на конец, а ароганцијата и експлозивниот карактер лошо му влијаат на кариерата. Кога го повикуваат на едно место на злосторство во озлогласеното Грејди, се соочува со најгрозоморното убиство во целата негова кариера: девојка е најдена во локва крв, а целото нејзино тело ужасно искасапено.

Истрагата ќе му наложи да побара помош од Енџи Поласки, полицајка која му била љубовница пред да му стане непријател. Набрзо ќе се покаже дека убиството кое е доволно шокантно и само по себе, не е изолиран случај, туку е едно во низа, па на тимот ќе мора да му се приклучи и специјалниот агент Вил Трент, човек кој детективот не може да го поднесе.

Трагите кои ги следат водат до поранешен затвореник кој неодамна отслужил казна за силување и убиство на петнаесетгодишно девојче. Дали клучот за пронаоѓање на серискиот убиец е во рацете на бившиот затвореник?

Напнат трилер на експертот за сложени крими приказни со продадени над 35.000 милиони книги ширум светот.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје