Орхан Памук- еден од најпопуларните турски писатели

Орхан Памук е роден на 7 јуни 1952 година во Истанбул, Турција. Тој е турски писател, добитник на Нобелова награда за литература во 2006 година. Орхан Памук учел на Роберт колеџ, во тоа време средно училиште, а потоа студирал архитектура на Техничкиот универзитет во Истанбул. Во тој период започнал да се занимава со писателска дејност. Дипломирал на студиите по новинарство на Истанбулскиот универзитет во 1977 година, а од 1985 до 1988 година учел на Универзитетот Колумбија во Њујорк, САД.

Творештво и дела:

Денес, Орхан Памук е еден од најпопуларните турски писатели во светот, кој има продадено над седум милиони копии од неговите книги. Тие се преведени на педесет јазици, што го прави најпродаваниот писател во неговата земја. Според Times Literary Supplement, Памук е најистакнатиот турски романописец и еден од најинтересните писатели, воопшто, додека „Њујорк Тајмс“ го нарекол „нова ѕвезда на истокот“.

Орхан Памук ги објавил следниве дела:

Џевдет-бег и неговите синови (1982)

Куќа на тишината (1983)

Белата тврдина (1985)

Црната книга (1990)

Нов живот (1994)

Моето име е Црвен (2000)

Снег (2002)

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!