Литература Поезија Светска поезија

Мојот живот – поезија која има душа од брилијантниот Анри Мишо

Анри Мишо е роден роден на 24 мај 1899 во Намир и починал на 19 октомври 1984 во Париз. Тој е белгиско-француски поет, еден од најбрилијантните фигури на француската поезија на 20 век. Формално може да биде вброен кон движењето на надреалистите.

Анри Мишо ја одбил Големата француска награда за литература во 1965 година.

Во прилог ви претставуваме една творба од Анри Мишо – еден од најбрилијантните фигури на француската поезија:


Мојот живот

Ти заминуваш без мене,животу мој,
Се тркалаш,
А јас уште не сум направил ни чекот.
Ти ја носиш битката другаде.

Ти ме оставаш.
Никогаш не сум те следел.

Не го гледам јасно она што ми го нудиш.
Она малку што го сакам никогаш не ми го носиш.
Поради она што ми недостасува јас имам толку многу желби.

Толку многу желби,речиси безброј…
Поради она малку што ми недостасува…

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје