Душа, тело, ум Психолошко катче Совети

7 златни правила од рускиот психотерапевт Андреј Курпатов: „Никогаш немојте да префрлате одговорност“

Андреј Курпатов познатиот руски доктор психотерапевт, писател и колумнист со многу публикации, ги прикажа златните правила од неговиот живот. Ние предлагаме да ги прочитате бидејќи можеби и вас ќе ви одговараат.

Творецот на современиот психолошки модел, автор е на повеќе од стотици научни трудови и неколку десетици монографии, раководи со еден од најдобрите психотерапевтски центри во Русија, советник е во Сојузно собрание на Руската федерација за прашања од психолошка култура и психичко здравје.

Андреј Курпатов е доктор-психотерапевт, исклучителен специјалист со голем авторитет, управител на Клиника д-р Андреј Курпатов, началник на Градскиот клинички центар во Санкт Петербург, итн.

Неговите книги се многу занимливи, напишани со разбирлив јазик, полни се со иронија и навистина помагаат.

1. Никогаш немојте да префрлате одговорност на туѓ грб за она што ви се случува во животот

Разбирам дека постои константно искушение да обвините некој друг, тоа можеби е најлесно и со тоа се оправдувате себе. Но, моќта ќе ја пронајдете тогаш кога целосно ќе прифатите дека вие сте автор на својот неуспех и креатор на сите свои успеси.

2. Прифатете го фактот дека не можете да го промените минатото – готово е

Можеме да влијаеме само на иднината, а таа зависи од она што го правиме сега. Мора да дадете сè од себе, да го правите најдоброто што можете за иднината да ви се насмее.

3 .Исфрлете ја илузијата дека можете да ги промените другите

Потсвесно сите ја имаме таа наивна илузија дека можеме некого да промениме. Како резултат на тоа патиме бидејќи не можеме да го спроведеме истото на дело. Само околностите можат да ги променат луѓето – сè останатото е само перцепција на измама. Дозволете им на другите да бидат различни, да бидат она што се. Во некој момент можеби ќе почнете да уживате покрај нив.

4. На луѓето сте им потребни силни

Никому не му требате кога сте слаби, уморни, кога страдате или сте несреќни. Ако луѓето се преправаат дека ве сакаат кога сте слаби, само ве лажат. Не подлегнувајте на таквите лаги. Едноставно согласете се со оваа апсолутност на правилото, издишете, обидете се да се расположите.

5. Сите наши постапки имаат последици

Во суштина, ние секогаш бираме – не што ќе правиме туку што ќе излезе како резултат од нашите постапки. Затоа секогаш размислувајте за последиците. Така ќе има помалку глупави ствари што ќе ви се случуваат во животот.

6. Правете го она што вас ви е навистина важно

Ако се прашувате која е смислата на животот, најверојатно сте помалку депресивни. Она што е најважно не е „смислата на животот“, туку чувството дека го живеете својот живот осмислено. Правете го она што сметате дека ви е од огромно значење.

Не заборавајте да се потсетите на тоа од време на време. Немојте слепо да го следите успехот бидејќи само повеќето околу вас го прават тоа. Кога ќе го правите она за коешто чувствувате дека е важно – успехот сигурно ќе дојде.

7. Немојте да трошите време и енергија на оние на кои им е грижа за вас или кои не ве сакаат

Во овој свет постојат многу луѓе на кои им се допаѓате и со кои животот би бил огромна радост. Само немојте да бидете затворена и сомничава личост. Верувајте ми – отвореноста и добрината ќе ви помогнат да постигнете благосостојба.

Прочитајте и кои ментални замки треба да ги избегнувате.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје