Монолог – Анастасија Лефкоска

И ајде што да правиме?

Не,

не ги тргај завесите, сакам мрак, сакам темнина.

Зошто дојде?

Зошто не заминеш?

Не, чекај,

зошто не останеш?

Остави ги завесите реков!

Остави ме во овој мој пекол!

Во мојава црнина,

со сите адети да ја исплакувам нашата приказна.

Зошто дојде?

Не доаѓај веќе,

не сакам да ме видиш во мраков вечен.

Плачеш ли сега? Зошто?

Не ти кажав ли дека вистинските работи не се гледаат со голо око?

Не плачи ама и не доаѓај,

остани и не заминувај.

Полудев. Се гледа ли?

Кога влезе првпат се исплаши?

Не плаши се,

ништо не ми е – само скршено срце, ќе помине.

Автор: Анастасија Лефкоска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?