Вашиот глас Литература Проза

Поздрав до луѓето кои никогаш не беа до мене и беа против мене – Атанасовска Ема

Еден срдечен поздрав до сите луѓе, пријатели, роднини кои не веруваа во мене и во моите успеси. Поздрав до сите кои што сакаа да ме спуштат на дното кога ме гледаа среќна и завидуваа на мојот успех. Знаете некогаш самите сме си криви, премногу веруваме дека сè уште постојат добри луѓе. Да постојат но, многу се ретки таквите. За жал во денешно време се гледаме од друг агол, ако некој човек е добар тогаш е глуп, прост за нив. Бидејќи они сакаат сите да се исти да озборуваат, да се радуваат на туѓа несреќа што е уште полошо да работат зад вашиот грб.

Многупати реков дека еден човек вреди толку колку што ќе направи нешто и ќе остави вредни работи зад  себе. За да плукаат и да фрлаат камења на вашиот пат тоа секој го може. Престанете да се замарате за другите кој што ќе каже, дали е ова добро, дали сум добра кон него, дали ќе го навредам… НЕ, вие бидете тоа што навистина сте, не се обидувајте да се допаднете на некој така што ќе се однесувате како другите. Просто и едноставно е, да се вистински ќе ве засакаат такви како што сте сега, нема да ви бараат причини зошто и како. Бидете свои.

Вие и вашиот карактер доминирајте за во иднина да ги пробиете овие неправди со кои се соочуваме, но не можеме да ги промениме некои нешта. Јас многупати се соочив со тоа и си поставив сомнеж во мене, зошто ме избегнуваат, каде згрешив, да не се однесувам така…Овде е моја грешка што погрешно ги проценив некои работи. Вистинските луѓе се гледаат во тежок период. Тие се вистинските што Ве сакаат и ве поштуваат. Во добри денови сите се на едно место. Направете ја вие вашата разлика и прашајте се добро кој е вистински, а кој само глуми или оставете едноставно на времето тоа само ќе си покаже на кои сте битни.

Човекот најголемото разочарување го доживува од некој близок, некој што толку добро го знаете со години и некогаш ќе ви стане странец со некои спомени. Понекогаш е подобро да останеш сам отколку со луѓе што само глумат. И кога јас ставив крај, кога на некои работи реков НЕ тогаш ги видов вистинските луѓе околу мене. Сама. Се изборив, бидејќи на мене не ми е потребен некој што ќе ми глуми добар. Глумци не ми требаат. Така јас сама продолжив да се борам во овој суров свет. Еден ден можеби ќе имате шанса да ги запознаете подобро луѓето, не се сите исти, но повеќето се за само од корист.

Кога животот ви дава шанса да научите нешто, не одбивајте, одете по тој пат не губите ништо. Животот ќе ви даде една шанса за да живеете, само од вас зависи дали правилно ќе ја искористите таа шанса. Добриот човек не губи ништо, ниту пари, ниту завист, ни кариера…само луѓето кои решиле да си заминат, тие изгубиле нешто вредно. Кога една личност е успешна или ќе им биде трн во око или ќе ви заматуваат очи. Но, најбитно од сè да верувате во Себе и во Бог. Од ова никогаш нема да бидете изневерени.

И кога сте сами и осамени, верувајте има некој до вас, некој кој гледа сè и враќа многу од тоа што ние мислиме, сè во вистинско време. Јас сум среќна личност што покрај овој ужен свет сум една од ретките што верува во себе и во никој друг. Бидете тоа и вие, бидете упорни и кога сите ви велат дека сте НЕУСПЕШНИ. Да, за успех треба време и трпение, не губете верба сè си доаѓа на свое место кога – тогаш. Бидете среќни и со најмалите работи и ситници кои вас ве прават среќни и ве исполнуваат со љубов.

Запомнете го ова, добрите не завидуваат на никој, тие немаат време за тоа, тие се фокусираат само на себе и тие најблиските околу нив. Во доброто срце има место само за љубов, искреност и човечност. Вие бирате што ќе бидете, а не другите. Бидете свои и уникатни, смејте се секој ден и кога е тешко, кога е мрачно и облачно, смејте се и блескајте, ослепете ги сите со вашата ведрост и насмевка.

Автор: Атанасовска Ема

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје