Вашиот глас Литература Проза

Дали секој го бива за свештено лице? – Благица Бунтеска

Празничен ден – Недела, скорешен деветти август, ден што не се заборава.

На некои беше празник и одмор за прошетка, на други пак да си одбележат некој убав и весел настан, на трети пак да си одбележат некој настан пред една година, кој тешко се заборава.

Настанот кој е опишан, е вистинска приказна, која што сакам да ја прочита и знае секој наш христијанин, со наша православна вера. Можеби некој ќе рече дека тоа не било можно и вистинито, но беше вистински настан, кој не би го оправдал секој човек , кој во себе носи православна вера изречена од Бога, а сега се работи за свештеник со христијанска вера.

Имено, сите имаме родители кои не створиле, одгледале со љубов,така да еден ден е потребно да им возвратиме, со уште поголема љубов. Љубов во поодминати години и во оној најтежок момент кога ќе дојде и последната наша заедничка разделба за секогаш, да се замине на оној свет.

За жал се случуваат такви случки насекаде, така се случи и во семејството од село Прилепец во непосредна близина на село Селце – Прилепско.

Почина сопруга и мајка на четири деца, сите удомени со свои семејства. Иако беше возрасна, болката за бабата, беше многу тешка, неизмерна.

Деновите, месеците се редеа, се правеа редишта на бабата како што доликуваше. Дојде веќе и прва значајна година од нејзиното заминување, да се направи помен и чест, заради тоа што таа го заслужуваше и да го посетат нејзиниот вечен дом, нејзините најблиски, роднини и пријатели од околината , пак дури и од Америка.

Нејзиниот сопруг и помалиот син се договорија за потребното околу поменот, исто така и со свештеникот Кире – одговорен за селото Прилепец, во 12,30 минути да биде присутен во манастирот свети „Никола“.

Свештеникот Кире дојде порано, не спрема закажаното време и изрази желба одма да ја пее молитваата, за мир и спокој на починатата, бидејќи немал време и ако беше потребно да праша дали се сите тука или чекате уште некој, што е пракса секогаш кај сите свештеници во такви моменти. Тука не беа стасани сопругот на починатата, синот и нејзината ќерка со фамилиите и други кои сакаа да присуствуваат, а истите веќе беа на пат. Присутните почнаа да реагираат, дека е потребно да се причека, истиот се заврте и почна да заминува. Во тој момент стаса ќерката на покојната со солзи на очи и срам од присутните кои беа околу педесетина души, со голема молба кон свештеникот успеа да го врати назад, за да ја исполни обврската на едногодишниот помен на починатата.

Тој се врати и почна да ја пее милитвата но, сепак во отсуство на нејзиниот сопруг и вториот син на покојната и останати кои веќе стигнуваа. Крајно

некоректен однос на свештеникот Кире спрема сите присутни, беше вистинска срамота и навреда. Со наведната глава си замина. Тој е свештеник со Божји благослов, кој е потребно да му служи на Бога и народот а не да лета високо, бидејќи ќе падне многу ниско, со клетвата на Бога.

Се прашувам лично јас: – Дали секој свештеник е спремен и соодветен да биде свештено лице и дали си го сака позивот што тој го избрал и ќе му служи како што прилега на Бога и народот. Секој кој изгубил свој најмил од семејството, неговата болка пече, пара, неизмерно боли во душа, а некој ќе се изиграва на свој начин.

НАВИСТИНА БЕШЕ НАПРАВЕН ГОЛЕМ ГРЕВ И СРАМ ОД СВЕШТЕНИКОТ КИРЕ.

СО АПЕЛ, ДА НЕ МУ СЕ ПОВТОРИ НИКОГАШ ПОВЕЌЕ.

Автор: Благица Бунтеска

11.08.2020 г.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје