Секојдневно се соочуваме со различни емоции, но за некои од нив не знаеме ништо во потполност. Во продолжение ви претставуваме неколку факти за емоците кои ќе си поиграат со вашиот ум.
1. Според науката постојат осум видови емоции
Еден од научниците, во овој случај, Роберт Плутчик создал емоционално коло со цел да може емоциите подобри да ги прикаже. Се боидел да прикаже што се случува со основните емоции, нивната динамика, што се случува кога емоциите не се контролирани или кога ќе се испреплетат повеќе различни емоции. Како на пример тагата и бесот, стравот и гадењето или пак исчекувањето и радоста.
Па според тоа во основните осум видови на емоции спаѓаат радост, тага, страв, гадење, изненадување, исчекување, доверба и лутина.
2. Секоја емоција се впива во телото за само неколку секунди
Докажано е дека емоциите по природа се физички, тие се мерат со протокот на крвта, изразите на лицето, ставот на телото, активноста на мозокот.
Секој налет на хемикалии кои создаваат емоции од моментот на производството во хипоталамусот до моментот кога во потполност се разложуваат и упиваат, трае околу шест секунди
3. Постојат разлики меѓу емоции и чувства
Емоциите генерално се предвидливи и лесно разбирливи, додека чувствата се многу суптилни.
Емоциите се физички, инстиктивни и мерливи. Тие може да се измерат со протокот на крв, чукањето на срцето, активноста на мозокот, изразите на лицето и движењето на телото. Чувствата се создаваат од сетилата. Помеѓу емоцијата што ја доживувате и одговорот кој го давате од повисоката вистина која е чувството, лежи моќта на изборот.
Без оглед дали реагирате или одговарате на ситуации или луѓе, вие тоа го правите или со емоции или со чувства.
4. Потиснувањето на емоциите предизвикува големи штети
Кога се потиснува некоја емоција луѓето најчесто реагираат на различен начин. На пример кажуваат дека се постојано зафатени, дека се добро и кога не се добро, се преправаат дека се среќни, го користат хуморот како бегство, стануваат почувствителни, одбиваат да ги споделат грижите и на крајот тоа резултира со големи последици.
Постојано даваат сѐ повеќе и повеќе обврски, бидејќи мислите дека на тој начин ќе исчезнат нивните мисли, но тоа нема да се случи. Не можат луѓето да се ослободат од потиснатите емоции со работа. Скриеното емоционално измачување е најлошото нешто што можете да си го направите себеси.
5. Емоциите најчесто знаат да бидат “заразни” – ги собираме емоциите од другите луѓе и обратно
Емоциите се шират меѓу луѓето како вирус, дури и кога не се посветува доволно внимание на нив. Било да се наоѓате во група или со само една друга личност, вие ги „собирате“ нивните негативни или позитивни емоции. Основата лежи во тоа што луѓето се мошне друштвени суштества. И поради тоа ги “примаме” емоционалните состојби од околината.
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.