Мисли и цитати Мотивација

Мисли кои ќе ве поттикнат да се борите за она што го сакате

Понекогаш има мигови кога сакаме да се откажеме од нашите сонитшпта. Кога мислиме дека напразно се трудиме. Но верувајте дека не е така. Напорната работа секогаш се исплати. Понекогаш на сите ни е потребна доза мотивација.

Токму следните мисли ќе ве поттикнат да размислите за тоа и сепак ќе ве убедат дека никогаш не треба откажувате од она што го сакате.

,,Не можам да ја сменам насоката на ветрот, но можам да ги прилагодувам моите пловидби за секогаш да стигнам до мојата дестинација.”

,,Дваесет години од сега ќе бидете повеќе разочарани од работите што не сте ги направиле отколку од оние што сте ги направиле, затоа испловете од безбедното пристаниште. Истражете, сонувајте, откријте.”

,,Пропуштив повеќе од 9000 шута во мојата кариера. Изгубив скоро 300 натпревари. 26 пати ми дадоа да ја шутирам победничката топка и промашив. Паднав многупати во животот. И затоа успеав.”

,,Победник е оној кој сонува, но никогаш не се откажува.”

,,Ништо не е невозможно, самиот свет вели „Јас сум возможен!”

,,Не дозволувајте да ве собори стравот во вашиот ум. Бидете водени од соништата во вашето срце.”

,,Најчестиот начин на кој луѓето се откажуваат од својата моќ е со размислување дека немаат моќ.”

,,Кога ќе се затвори едната врата на среќата, се отвора друга, но честопати толку долго гледаме на затворената врата што не ја гледаме онаа која се отворила за нас.”

,,Сè што некогаш сте посакале е од другата страна на стравот.”

,,Ние можеме да искусиме многу порази, но никогаш не смееме да дозволиме да бидеме целосно поразени.”

Прочитајте ги и овие убави мисли за љубовта.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје