Skip to content

Со Маршалот Тито – Владимир Назор

Владимир Назор (Постире, 30 мај 1876 – Загреб, 19 јуни 1949), хрватски писател. Пишувал епски песни, раскази, романи, есеи, критики и мемоари. Негови познати дела се „Словенски легенди“, „Вели Јоже“ и „Дневникот со партизаните“.

Основно училиште завршил на островот Брач, a гимназија во Сплит. Студирал природни науки, математика и физика во Загреб. Дипломирал во 1902. Предавал во хрватска гимназија во Задар, a од 1903. до 1918. година во Истра каде го поминал поголем дел од својот живот .Се повлекол во 1933. година во Загреб како менаџер на дом за деца. Прво напишано негово дело е Славенски легенди (1900.)

Година 1904. во Задар го објавил неговото дело Книга за хрватските кралеви, а во тоа време почнал да пишува i Истарски приказни. Неколку години подоцна Вели Јоже (1908.) – дело по кое ке се препознава Назорова проза, а која тој самиот ја сметаше за неуспешна. Година 1916. објавил неколку книги Утва златокрила, Мечката Брундо, Стоимена.

Со маршалот Тито (српскохрватски: ‘Uz maršala Tita, Уз маршала Тита’) е југословенска партизанска песна посветена на маршалот Јосип Броз – Тито. Песната била напишана од Владимир Назор, а истата била компонирана од Оскар Данон.

Со Маршалот Тито

Одиме напред со маршалот Тито, тој јуначки син
Тупаници стискаме со стисок силен.
Гордо креваме чело, чекориме смело
Ништо нѐ ни може ни пеколот темен.

Од прастар сме ние род, но Готи ние не сме
Да бидеме Словени, тоа е наша чест.
Кој поинаку ќе каже , тој клевети и лаже
Ќе ја осети нашата бес.

Сите прсти на раката во јад и мака
Партизанска ги створила свест.
Па сега кога и да треба, до сонце  и до небо
Високо ја кревaмe нашата шака.

Аудио снимката за оваа песна може да ја чуете на следново видео.

Напишете коментар