Литература Поезија Светска поезија

Караници – Миодраг Павловиќ

Миодраг Павловиќ  важи за еден од најголемите српски поети од 20 век. Споделуваме препев на една негова песна од збирка на македонски јазик. Пријатно читање.

Караници

Не прашувајте ме зошто скитам
на коњ, сам, меѓу карпи,
секој ден по еден збор заборавам
и сека ноќ по една ѕвезда губам
и секое утро низ друга врата
од својот дом бегам, бегам од коренот.
Зимата и мракот се вкрстија
по длабките барам заветрина
на дофат на змеови и арслани,
снегот до гуша ме досега
и коњот ми пропаѓа в понорница,
јас сум фитил под оклопа
горам на мразот меѓу два мегдана
желен за пофалба на кротката мајка.
Но на патот никој не запеа,
црквите зимуваат на дното езерско,
а лутит оган преку ноќ гледам
на врв на Велебит
и два џелата прсти загреваат
сакаат да ме изгорат сиот,
до семенка.
Гледајте како горат огновите
на врвот од брегот ветровит
и не прашувајте ме зошто скитам
на коњ, сам, и далеку од селото,
барам тревки лековити
за себе и за многуте ранети браќа.
Ќе слезам од стременот и јас
штом се јават трубите од белите двори
штом стивнат огновите, штом змиите се покајат
и штом брат со брат се прегрне
во срцето на кременот.

Извор

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје