Ѓорѓи Абаџиев е роден на 7 октомври 1910 г. во Дојран. Тој е македонски писател, раскажувач романсиер, историограф, публицист и сценарист.
Со родителите емигрирал во Бугарија. Бил член на Македонскиот литературен кружок (1938–1942) и на Македонскиот литературен кружок „Никола Вапцаров“ Рано останал без мајка, која умира во 1914 година.
Во текот на Првата светска војна, кога населението на Дојран се иселува од градот поради близината на Солунскиот (Македонски) фронт, татко му со двајцата синови се сели прво во Неготино, а во 1918 година семејството емигрира во Ѓумурџина и Деде Агач, под грчка власт. Во 1920 година, по враќањето на татко им од заробеништво, семејството се иселува во Бургас, а во 1921 година во Плевен.Но, преселбите не завршуваат тука.
Во 1958 година, сценариото за филмот „Мис Стон“ бил првиот негов чекор на Абаџиев во филмската уметност. Потоа пишува и сценарија и радио драми.
Во 1948 година за неговата работа е награден за проза од владата на НРМ, а во 1961 година е награден со октомвриската награда за романот “Пустина”
По катастрофалниот земјотрес во Скопје, Ѓорѓи Абаџиев бил евакуиран во Куманово. Претходно оболен тој починал 2 август 1963 година, на ден Илинден. Неговите посмртни останки се пренесени на гробиштата во Бутел во 1968 година.
За својата литературна работа добил повеќе награди и признанија. Добитник е на наградите за проза на НР Македонија и „11 Октомври“.
Творештво
Во сите негови дела историските теми се истакнуваат и заземаат главно место. Поради тоа тој се смета за историски белетрист.
Aвтор e на многу книги.
,,Труд и луѓе“ (уметнички репортажи и раскази, коавторство)
„Изгрев“
„Епопејата на Ножот“
„Последна средба“
„Арамиско гнездо“
„Пустина“
„Балканските војни и Македонија“
Во 1972 г. е објавен избор од неговото творештво во четири тома.
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.