Литература Митови и легенди

Легенди за Цар Самоил

Самоиловата ќерка Преспана и Преспанското езеро

Во една легенда се говори дека Царот Самоил имал ќерка по име Преспана која по смртта на својот татко живеела во крајбрежното село Царев Двор. Нејзината убавина, мудрост и храброст биле надалеку познати и за неа слушнал еден византиски дворјанин. Според некои кажувања тоа била самиот Цар Василие. Тој решил да ја побара раката на Преспана, па со цела свита дошол кај неа. Не сакајќи да му стане сопруга на противникот на нејзиниот покоен татко, таа се фрлила во езерото кое го добило нејзиното име.

Зошто преспанската носија е црна?

За разлика од другите делови на Македонија, народната носија во Преспа е претежно црна. Меѓу луѓето се кажува дека овде во минатото се носела бела носија, но дека таа била заменета со црна по трагичниот настан на ослепувањето на Самоиловите војници.

Змискиот остров

Островот Голем Град често се означува и со други имиња како Свети Петар, Голема Петра и Змиски остров. Последното произлегува од тоа што на островот се наоѓа голема популација на змии, кои според една легенда биле донесени од страна на Царот Самоил за да го чуваат неговото богатство кое било скриено на островот.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје