Психолошко катче Совети

Како да си помогнете со доживеаните емоционални промени при преселба во друга земја?

Преселувањето во друга земја може да биде многу возбудливо. Претходните подготовки како што се учење јазик, барање работа, сместување, напуштање на претходното работно место, поздравување со пријателите и роднините, го исполнуваат времето и оставаат мал простор за емоционална и психолошка подготовка.

Со преселбата во друга земја се јавува изложеноста не само на многубројни нови задачи, туку и таканаречениот културолошки шок. Начинот на кој индивидуата поминува низ него како и ресурсите што ги има (семејство, пријатели, хобија) обликуваат помало или поголемо влијание на секојдневното функционирање. Влијае и врз општата психичка благосостојба.

Прилагодувањето на новата култура е вид вклопување во доминантната култура, во новото опкружување во кое индивидуата е функционална, успешна и задоволна.

Како се одвива овој процес?

Социокултурната адаптација е специјално учење за новата култура, отвореност за учење кон различностите, нормите, обичаите, вклучување во интеракција. Потоа, прославување на празници, учествување во активности од заедницата, посетување саеми, фестивали итн.

Друга значајна задача е психолошкото прилагодување кое го олеснува индивидуалното чувство за добросостојба, позитивна процена на ситуацијата  генерално задоволство од животот.

Промена на местото на живеење во кое се започнува животот може да се доживее и како губиток.

Психолошко и емоционално прилагодување

Стресот е придружен фактор во секое преселување, како што чувството за сигурност и извесност што се намалува, а задачите се непознати, нови. Доволно е само да се земе во предвид јазичната бариера и чувството дека личноста не може да се изрази како на мајчин јазик.

Како сè дотогаш во коешто вложувала во себе да подлегнало на некои поинакви правила поради кои се јавува чувство на пониска вредност, зголемена анксиозност или депресивност.

Акултурација е комбинација од културолошки промени кои настануваат во контакт со нова култура. Осцилирајќи помеѓу два процеса, еден во кој културата од земјата на потекло се преферира и задржува, и другата во кој новата култура е усвоена. Истата е прифатена, а индивидуата одбира една од следните 4 стратегии:

  • Сепарација – се задржува културата од земјата на потекло и се отфрлува новата култура
  • Асимилација наспрема наведеното – одрекување од културата на потекло и замена со нов културен идентитет
  • Интеграција – задржување културолошко наследство и стекнување некои карактеристики од новата култура
  • Маргинализација – одбивање на двете култури
Како се одвива прилагодувањето?

Емоционалниот и психолошкиот пат на прилагодување се одвива низ доживување стрес од заминување, чувство на возбуда кое наликува на фазата на меден месец, слично со чувство на заминување на одмор во друга земја. Соочување со културолошки шок, издигнувања и паѓања во прилагодувањето.

Чувство на поинакво доживување на културата од која индивидуата потекнува по враќање во земјата на потекло после одреден период. На овој емоционален и психолошки пат нормално е повремено да се осети зголемена анксиозност. Како и депресивно расположение, умор, повлекување, потреба за изолација.

На новото работно место може да се појави поинаква перцепција од претходно, негативен поглед на случувањата и исходите. Потоа зголемен стрес, збунетост, па дури и агресивно однесување. Вообичаени, правилата кои ги наметнува културата и општеството делуваат иритирачки.

Зошто се случуваат емоционални и психолошки промени?

 Јазикот е ден од најзначајните фактори на доживување емоционална бура. Невозможност за адекватно изразување на сопствената личност може да предизвика секојдневно чувство на фрустрација и изолација. Дури и за време на пазарење, одење на лекар или извршување други секојдневни активности.

Ако на ваквите чувства се надоврзе и недостаток од претходно присутната социјална поддршка (семејство, пријатели), чувството на осаменост се засилува.

Кога еден партнер работи, а другиот не, културолошки шок се случува низ партнерството. Може да се појават неразбирливи конфликти, потреба да се засили контактот со семејството и пријателите од земјата на потекло. Одбивање да се прифати новата култура, и сè ова доведува до дополнителен притисок меѓу партнерите.

Лоцирајте го проблемот во врската, иако всушност е надвор од неа, како дел од процесот на прилагодување.

Како да си помогнете?

На прво место е да се нормализира процесот кој се одвива. Не сте сами, реакцијата е природна, сосема нормална. Низ нејзе поминуваат сите луѓе кои одлучуваат да започнат живот во друга земја. Дури и години после преселба, обичните нешта како што е телефонски повик може да биде предизвикувачко, стресно чувство.

Без систем за поддршка секому е тешко, без блиски луѓе со кои може да ги сподели сите искуства и чувства. Одржувањето контакт може ритуално да се одвива, со одвојување време, планирање и доследност. Ако ви е важно да се чуете со блиските луѓе, ќе најдете време за тоа. Корисно е да се договараат таквите состаноци и да се забележуваат во распоред. Споделете како се чувствувате, барајте поддршка и совет ако ви се потребни.

Што е уште важно?

Не се затворајте во себе во очекување дека сега сè мора да биде како што треба бидејќи сте финансиски безбедни и го немате тој вид стрес. Бирајте контакти со пријатели кои се тука за вас и сакаат искрено да ве чујат и поддржат.

Поврзете се со луѓе кои исто така поминуваат низ адаптација на нова култура.

Разменете искуства, споделете ги мислите и чувствата. Ваквата размена значајно влијае врз процесот на нормализација.

Однесувајте се со почит и љубопитност кон новата култура, истражувајте, останете отворени за учење. Бидете свесни за сопствената сила, и моменталните слабости. Правете разлика помеѓу она што ви смета , а што е лојалност кон културата од која потекнувате. Бидејќи старата култура може да биде товар и да ве блокира да го прифатите она што е околу вас.

Разговарајте со луѓето, не ги прекинувајте своите хобија, шетајте, пробајте различна храна, запознајте се со културата во градот во кој живеете. Набљудувајте ги нивните норми на однесување и обичаи низ добронамерност. Обидете се да ги разберете.

Бидете целосно свесни дека на емоционалниот и психолошкиот процес му е потребно време. Дека треба да помине одреден период за да се прилагодите. Не си поставувајте преголеми очекувања во краток временски период. Со цел да ги избегнете анксиозноста и депресивното расположение.

Психолошките и емоционалните потреби не престануваат да постојат кога ќе почнете живот во нова земја. Кога не се исполнети се јавуваат емоционални и психолошки проблеми како некорисен обид потребите да се задоволат.

Проверете ја својата листа на потреби:

Потреба за давање и добивање внимание

Потреба за грижа за телото и умот

Потреба за смисла, значење, цели

Потреба за вклучување во заедница и давање придонес на истата

Потреба за предизвици и креативност

Потреба за интимност

Потреба за контрола

Потреба за статус

Потреба за сигурност

Ако на листата има повеќе неисполнети од исполнети потреби, ангажирајте во својот систем за поддршка или побарајте стручна помош. Не се затворајте во себе бидејќи тоа доведува до различни психички и релациони проблеми.

Дознајте и на кои начини да постигнете емоционална отпорност и издржливост.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје