Љубовта отсекогаш е една од најзагадочните теми во животот. Постојат одредени истражувања, каде со помош на наука се обидува да се објасни љубовта и ефектите од истата во телото на човекот.
Ви претставуваме 5 интересни факти за љубовта кои се добропознати. Прочитајте ги!
1. Кога оние кои се заљубени се гледаат во очи, нивните пулсови почнуваат да се синхронизираат
Оние кои се сакаат и кои се во романтична врска, додека се гледаат во очи по три минути, нивните пулсови почнуваат да се синхронизираат. Тоа е докажано со помош на едно истражување спроведено помеѓу неколку парови.
2. Моногамните врски постојат и меѓу животните
Животните исто така можат да останат со еден партнер доживотно. Пример за тоа се волците, лебедите, албатросите, термитите.
3. Како природен лек за болки се смета прегрнувањето на саканата личност
Хромонот на љубовта е познат како окситоцин. Се смета дека овој хормон се произведува при прегрнување. Овој хормон се појавува најпрво во мозокот и се смета дека има голема улога во поврзувањето со другата личност. Истражувањата покажуваат дека доза окситоцин може значајно да ја намали главоболката, а во некои случаи и сосема да исчезне по 4 часа.
4. Карактерите на луѓето наликуваат едни на други
Карактерот на луѓето кои се во врска се менува за да стане колку може посличен со карактерот на партнерот. Се верува дека луѓето кои се во врска секогаш почнуваат да наликуваат едни на други.
5. Првата љубов некогаш знае да биде и последна и тоа е докажано со повеќе истражувања
Спроведени се многу истражувања во кои е докажано дека двајца на секои пет луѓе стапуваат во брак со нивната прва љубов.
Прочитајте ги и следните факти за емоциите кои ќе ве заинтригираат.
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.