Никој не ги заборава мртвите одаи на крвавите полиња
Каде се сеат исчистени мечеви полни со пролиена крв,
Нема да заборавам како трчаше низ безгласните шуми
Носејќи парче леб бодејќи се со невидливи искри,
Никој не ги заборава летните утра намачкани со џем
Кога се пие портокалов џус од месен концентрат,
Нема да заборавам како гласно говереше преку телефонските жици
Носејќи парче пита завиткана во безбоен целофан,
Никој не ги заборава волшебните бајки кои се читаат во ноќите излиени со дожд
Шуштејќи со гласовите не светулките прикриени зад темните завеси ,
Нема да заборавам кога Трнорушка ја бакнал принцот и се разбудила
Носејќи ја мојата сликовница во твоите прегратки,
Никој не ги заборава летните зајдисонца со штурците кои штурат
А младите тела се опсипуваат со громогласни бакнежи,
Нема да го заборавам твојот бакнеж за добра ноќ
Ќе го паметам вечно твојот поглед кој ми ја дава сигурноста во животот.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.