Skip to content

Вистинска хуманост – Габриела Стоимановска

  • by

Имав околу 10 години кога еден човек дојде да ме потсети, некој подалечен роднина.

Додека јас лежев закована за креветот, но со огромна надеж за едно подобро утре човекот ме гледаше со огромна доза на сожалување.

Постојано повторуваше: ,,Многу жално, ах кутро девојче.”

Зарем мислеше дека тоа ќе ја олесни мојата болка? Или ќе ме направи среќна?

Не реков ништо иако знаев колку беше глупаво тоа што се случуваше. Пред да си оди дома човекот ми остави малку пари, бидејќи мислеше дека парите може да променат сè.

Зарем парите може да ги избришат солзите од нечие лице? Доколку сакате да помогнете на некого не го сожалувајте, бидејки ние немаме никаква полза од вашето лелекање.

Единствено што нас ни е потребно е малку разбирање и прифаќање на фактот дека секој од нас е единствен. Сите ние сме посебни на некој волшебен начин.

Многупати слушам како луѓето околу мене зборуваат како децата со аутизам заслужувале поддршка. Истите тие луѓе ги вртат главите кога ќе ги видат некаде.

Зарем поддршка е да се потценува некоја личност? Никој од нас не може да си ја предвиди својата иднина или иднината на неговите потомци.

Зарем е толку тешко да се почитуваат луѓето? Зар не сме сите еднакви?

За да дадете поддршка на некои доволно е да пружите малку љубов и милост.

Насмевката е најголемиот подарок кој можеме да го подариме некому.

А најголемата поддршка е прифаќањето на различните од вас, бидејќи само така може да ја покажете вашата човечност и хуманост доколку навистина ја поседувате.

 Габриела Стоимановска

Напишете коментар