Skip to content

Признание

Признание имаше во твоите очи

Но јас не сакав да го видам,

Признание за откорнато парче душа

За незамислив спој со другиот

За оној кој ти немаше измислено ни збор

Но постоеше длабоко во тебе,

Но не знаеше да го именуваш

Само го преслика во филмските ленти

Но јас не сакав да го видам,

Дури ни во оживеаните слики,

Ти беше реалност која морав да ја имам

Стравот од изгуба е поголем

Од стравот од вистината

Стравот поголем од вистината

Погрешна смрт носи

Во очите на оние

Кои љубат само со разумот,

А не со срцето.

Напишете коментар