Македонска поезија Поезија

Целиот живот ми се спомените – Матеја Матевски

Македонското творештво е многу богато.  Без разлика дали станува збор за поезија или проза, во секој стих, во секоја реченица, може да се најдат тони емоции.

Ви претставуваме песна од незаменливиот Матеја Матевски.

Целиот живот ми се спомените“ од Матеја Матевски!

Што ми е грижа што било лага
и каде водела измамна трага?
Целиот живот ми се спомените

И за преоценка да дошло време
не може никој нив да ми ги земе
Целиот живот ми се спомените

По моја волја тие се редат
и илузиите нешто да вредат.
Целиот живот ми се спомените.

Јас сам над нив само над нив со власт крајна
создавам со нив родина тајна.
Целиот живот ми се спомените.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје