Литература Митови и легенди

Легендата за кралот Артур, дали навистина постоел?

Кралот Артур, исто така наречен Артур или Артур Пендрагон, e легендарен британски крал кој се појавува во циклус средновековни романси како владетел кој раководи со дружина на витези на тркалезната маса. Не се знае за сигурно од каде потекнуваат овие легенди или дали фигурата на Артур е заснована на историска личност.Легендата најверојатно потекнува од Велс или од оние делови на северна Велика Британија  населени со Келти кои зборуваат бретонски јазик.

Според средновековни извори ја предводел одбраната на романо-келтска Британија против саксонски освојувачи во раниот VI. век. Деталите за приказната на Артур се во главно составени од фолклорни и литературна измислици, а неговото историско постоење е сè уште предмет на расправа помеѓу модерни историчари.  Ретката историска позадина на Артур е собрана од различни извори, вклучувајќи ги Annales Cambriae, Historia Brittonum, и ракописите на Гилда. Иако името на Артур се појавува и во порани поетски извори како Y Gododdin.

Historia Regum Britanniae

Тоа што Артур денес важи за легендарна фигура од меѓународен интерес во главно се должи на книгата од XII век Historia Regum Britanniae (Историја за британските кралеви) на Галфрид Монмутски.  Сепак според некои велшки и бретонски приказни и поеми поврзани со приказната на Артур датираат од пред споменатото дело; во овие приказни Артур се појавува или како голем воин, штитеник на Британија од разни човечки и натприродни непријатели или како волшебна фигура од фолклорот, некогаш поврзуван со велшкиот „другсвет“, Анун.  Не е познато колку од Галфридовата Historia (завршена во 1138) се базира на вакви порани извори, а колку од делото е само негова измисленост.

Што претставува тркалезната маса на кралот Артур и колку витези имало околу неа?

Тркалезната маса зазема централно место во артурскиот свет. Според поетот од 13 век Лајамон, Артур наредил масата да ја направи познат корнволски дрводелец, кој направил маса на која може да седнат 1.600 витези (очигледно лажна бројка) .Била лесно пренослива за да може кралот лесно да прави работни средби каде и да посака.

Други приказни сугерираат дека Мерлин, волшебникот на кралот ја направил масата – „тркалезна “, да личи на, „земјината топка“ – и ги повикал најхрабрите и вистинските витези да се придружат на дружината чијашто главна задача била да се грижи за обесправените (особено жените) и која не би наштетила на некој што не го заслужувал тоа.

Најпознати витези, чиишто имиња биле запишани на масата се:

  • Sir Galahad (Son of Sir Lancelot)
  • Sir Lancelot
  • Sir Gawain
  • Sir Percivale
  • Sir Lionell
  • Sir Tristram de Lyones
  • Sir Gareth
  • Sir Bedivere
  • Sir Bleoberis
  • Sir Lacotemale Taile
  • Sir Lucan
  • Sir Palomedes
  • Sir Lamorak
  • Sir Bors de Ganis
  • Sir Safer
  • Sir Pelleas
  • Sir Kay
  • Sir Ector de Maris
  • Sir Dagonet
  • Sir Degore
  • Sir Brunor le Noir
  • Sir Lebius Desconneu
  • Sir Alymere
  • Sir Mordred

Се надеваме дека оваа позната легенда ви е интересна и продолжуваме и понатаму со легендите поврзани за кралот Артур!

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје