Занимливости и информации Мисли и цитати На денешен ден

Цитати од Џ. Р. Р. Толкин кој починал на денешен ден: „Лажните надежи се поопасни од стравовите“

Џон Роналд Руел Толкин (3 јануари 1892 – 2 септември 1973) бил англиски писател, филолог, поет, универзитетски професор и книжевен критичар. Толкин е познат во светската книжевна јавност по неговите епски дела „Хобитот“, „Господарот на прстените“ и „Силмарилион“.

По смртта на Толкин, неговиот син Кристофер Толкин објавил серијал дела кои се всушност необјавени ракописи на самиот Толкин, меѓу кои и познатото дело „Силмарилион“. Овие, заедно со „Хобитот“ и „Господарот на прстените“, создаваат поврзано тело на раскази, поеми, измислени историски настани, измислени јазици и книжевни критики и есеи за измислениот свет наречен „Арда“ и „Средна земја. Помеѓу 1951 и 1955, Толкин го вовел поимот „Толкинов легендариум“, сеопфатен поим за најголемиот дел од овие дела.

Прочитајте ги во продолжение неговите цитати.

Надежта честопати се раѓа кога сé друго ќе исчезне.

Не сите што лутаат се изгубени.

Човекот што бега од своите стравови , ќе сфати дека само го пронашол пократкиот пат за соочување со истите.

И најмалиот човек може да го промени текот на иднината.

Секој има своја сопствена вредност, со која придонесува за вредностите на другите.

Мудриот говори само за она што го знае.

Таму каде што постои живот постои и надеж.

Човекот патува далеку, малку по малку.

Лажните надежи се поопасни од стравовите.

Не е лошо да го прославувате едноставниот живот.

Кога луѓето повеќе би ја ценеле храната, славењето и песната од акумулираното злато, светот би бил посреќно место.

Никогаш не е премногу долг збор, дури ни за мене.

Не е важна силата на телото, туку силата на духот.

Сè што ни треба е да одлучиме што ќе направиме со времето кое ни е дадено.

 Има добрина во овој свет, и вреди да се бориме за неа.

Прочитајте ги и следниве цитати од Платон кои ќе ве инспирираат!

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје