Песничка за најмалите, за голицкање на нивната фантазија. Прочитајте им ја песничката. Патем разговарајте со нив што сакаат да бидат кога ќе пораснат. Употребете ја оваа песна како пример, разговарајте за желбите на Петре и Марика, а потоа дечињата нека ви кажат кои се нивните желби.
Петре и пријатното ветре
Умно дете беше Петре,
тоа многу сакаше
надвор да си игра
и да ужива во пријатното ветре.
Неговата другарка Марика
обожаваше да ја облекува
и насекаде да ја носи
нејзината омилена барбика.
Заедно си играа во песокот,
правеа јадење од кал,
а во дворот приредуваа
нивен измислен бал.
Петре велеше дека
ќе стане морнар славен,
и на морскиот свет
дека ќе биде главен.
Марика повеќе беше уметничка душа,
сакаше да пее и музика да слуша,
велеше пејачка ќе бидам
музиката цел живот ќе ја славам.
Нашиот јунак Петре,
за да биде морнар
прво требаше да се договори
со пријатното ветре.
Кога ќе биде во бродот,
требаше да се склучи договорот.
Да дува помалку и да биде нежно
во спротивно Петре
ќе му се скара на пријатното ветре.
Прочитајте ја и оваа песничка за деца насловена „Јаболче“.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.