Вашиот глас Литература Проза

Совршенство – Габриела Стоимановска

Секој човек барем еднаш во животот копнеел да биде совршен. Но скоро никој не се запрашал што всушност значи тоа?

Дали е подобро да се биде совршен или пак среќен?

Според мене живеењето на животот според одредени правила всушност не е живеење, туку обично дишење и издишување. Едноставно поминување на деновите и трошење време на нецелосни работи. Зарем не е подобро да се живее самиот миг?

Според мене само доколку го живееме секој миг како да е последен би биле среќни. Совршенството всушност е само поим во кој повеќето слепо веруваме.

Секој човек на некој начин сака да биде најдобар во нешто, подобар од тој пред него. И во целата таа турканица ние забораваме на нас самите. Кои всушност сме ние и што сакаме да бидеме? Ние луѓето станавме премногу себични, станавме луѓе кои мислат само на себе си.

Зар нашиот живот е позначаен од животот на некој друг? Кога бев мала често ми велеа да се однесувам секогаш со сите како да се дел од моето семејство. Но зарем тоа имаше смисла? Тогаш не го сфаќав значењето на таа реченица, но сега ја разбирам. Само доколку на луѓето им се обраќаме со почит и шириме позитивна енергија тогаш би биле совршени. Дури и посовршени од сите ширум светот!

Автор: Габриела Стоимановска

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје