Солзи – Александра Стојановска

Зошто плачеш убавице? За кого ги трошиш солзите? Тој што те изневерил и напуштил не е вреден за твоите солзи. Не вреди да ги жртвуваш твоите соништа. Оној што си заминал шутни го да замине уште подалеку. Еден ден ќе сфати дека всушност тој изгубил нешто вредно, а не ти.

Ти си изгубила човек што не те цени и почитува, а тој изгубил личност која го сака и му е верна. Немој да го влечеш за ракав тој што те влече за нос. Оние што вредат ќе останат покрај тебе до самиот крај. Избриши ги солзите и избркај ја болката од твоето срце.

Секој човек добива онолку колку што може да поднесе. А ти, ти не си родена за болка. Затоа крени ја главата високо и оди освој го светот. Не се наведнувај да го земеш она што останало во калта, туку притисни го да остане таму засекогаш.

Александра Стојановска

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!