Денеска споделувам песна за деца за најмалите што ја напишав неодамна. Може да ја читаат и малку поголемките деца, како и возрасните.
Малата Васка
Во едно далечно гратче
си живееја Васка и нејзиното братче.
Кога нивните родители на работа беа
во градинка секогаш смислуваа некоја идеја.
Многу сакаа да си играат со мачорот Том,
затоа едвај чекаа да си појдат во нивниот дом.
На малата столица си седеше Васка
и лакомо ја јадеше сочната праска
додека брат ѝ Марко
грицкаше вкусно и благо јаболко.
Тогаш мачорот Том во скут ѝ седна,
и почна да мрда со шепата предна,
потоа задната беше следна,
и сè така дур играта не стане здодевна.
„Ајде Васе да си играме со коцки“,
ѝ рече весело Марко насмеан.
„Ќе прифатам само ако
повеќе не ми правиш сопки“,
викна малата Васка,
и стана од столот,
а мачорот си замина во дворот.
Прочитајте ја и песничката за Брзото желче.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.