Рецитал на песната „Чекори“ од Пол Валери

Денес ви претставуваме една класична, но сепак сензуална и многу музикална песна напишана од францускиот симболист Пол Валери. Во неа се претставени две личности: поетот и женско суштество кое се приближува кон него. Дали е тоа некој некој дух? Можеби самовила? Или тоа е музата на поетот? Проценете сами читајќи го преводот на песната.

Чекори

Чекорите твои,  родени од  мојата брижност
Поставени свето, благо,
Кон креветот на мојата будност
Се движат занемено и ледно.
Ох битие чисто, божестевно сенко,
колку се слатки, воздржани чекорите твои!
Богови! Сé што може да наѕре слутењево мое
Ми го носат голите стапала твои!
Ако со усните твои кои се ближат
Се подгoтвуваш да го смириш
Жителот на моите мисли
Со храната на твојот бакнеж,
Немој да брзаш со овој нежен чин
Блаженство да се биде или не,
Зошто живеев за да те чекам,
И моето срце  беше само твоите чекори.

Во продолжение слушнете го и рециталот на песната на француски јазик. Уживајте во слушањето!

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!